Вести Свет

(Видео) Експлозија во Германија: Повредени 10 пожарникари и двајца полицајци, распоредени снајперисти

Десет пожарникари и двајца полицајци, од кои дел и потешко, се повредени во експлозија во повеќекатница во германскиот град Ратинген.

„Дојде до експлозија од непозната причина. Неколку луѓе се повредени, исто така и полицајци“, изјави портпаролката на полицијата, пренесува „Билд“.

Причината за експозијата е непозната, но безбедносните служби, сепак, не исклучуваат можност дека станува збор за таргетиран напад, објави ЗДФ.

Според министерот за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија, Херберт Ројл полиција и пожарникари биле повикани за стан во кој живеело беспомошно лице. При обидот за отворање на вратата, очигледно дошло до палење, бидејќи е кажано дека во станот претходно бил користен бензин или некоја друга запалива материја.

„Соседите истакнаа дека поштенското сандаче на станот е преполно. Се сомневавме дека во станот има беспомошно лице. Кога дојде полицијата, вратата од станот веќе беше отворена. Во опожарениот стан останаа мајка со син. Маж предизвика детонација со непознат предмет“, изјави Ројл.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО

Дејан Дејан

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Дејан Дејан

Гувернерот Њусом ништо не презеде за да го запре насилството во Лос Анџелес, обвинува Белата куќа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе