Вести Свет

Трамп ќе ги помилува демонстрантите кои упаднаа во Конгресот на 6 јануари 2021 година

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп јавно изјави дека доколку биде избран за претседател, во рок од 24 часа ќе го реши прашањето за војната во Украина.

 Ако повторно станам претседател, таа војна ќе ја решам за еден ден, за 24 часа. И двајцата претседатели, Путин и Зеленски, имаат слабости и силни страни, но ви велам, во рок од 24 часа, таа војна ќе се реши. Ќе биде готово, ќе биде апсолутно готово, рече Трамп.

Во интервјуто со жива публика за Си-Ен-Ен, мрежата која Трамп ја обвинува дека шири лажни вести против него, уште еднаш го повторти тврдењата дека изборите во 2020 година му биле украдени. Поранешниот претседател повторно зборуваше за полнење кутии и изборна измама а изборите на ки беше поразен од сегашнито претседател Џо Бајден ги нарече „наместени избори“.

Мислам дека е штета тоа што се случи. Мислам дека тоа беше нешто многу тажно за нашата држава, рече Трамп.

За време на 90 минутното интервју, Трамп не покажа каење за неговата улога во упадот на демонстрантите во Капитол на 6 јануари, за време на потврдувањето на изборните резултати. Исто така кажа дека е подготвен да ги помилува демонстрантите кои дивееја во седиштето на американската федерално законодавство. Рече дека сигурно нема да може да ги помилува сите, но ќе може да помилува поголем дел од нив.

Трамп исто така упати критики и кон припадникот на полицијата на Капитол хил кој ја застрела демонстрантката Ешли Бабит, која се обидуваше преку скршен прозорец да влезе во канцеларијата на спикерот на Сенатот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО

Дејан Дејан

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Дејан Дејан

Гувернерот Њусом ништо не презеде за да го запре насилството во Лос Анџелес, обвинува Белата куќа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе