Вести Најважни Свет

Од повредените во двата масакри во Србија, тројца се уште се во критична состојба

Тројца повредени во училиштето „Владислав Рибникар“ и шестмина од Младеновац се на лекување во Ургентниот центар. Директорот на Универзитетскиот клинички центар на Србија, професор Милика Ашанин вели дека меѓу повредените во Младеновац двајца се во тешка состојба, како и еден ученик од училиштето „Владислав Рибникар“. Повреденото девојче кое е сместено во Детската клиника во Тиршова се уште е во животна опасност.

Професор Милика Ашанин наведува дека шестмина од пациентите кои се испратени од Младеновац и Смедерево во единиците за интензивно лекување, сега се во добра состојба.

„На почетокот имавме операција на абдоменот, едниот беше опериран во Смедерево, другиот во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“ и ни беа испратени поради тешки повреди на градниот кош и можам да кажам дека моментално им оди доста добро. “, додава Ашанин.

Тој посочува и дека меѓу повредените во Младеновац двајца се во тешка состојба.

„Станува збор за пациентка со тешка повреда на црниот дроб, дуоденумот и десниот бубрег. Оперирана и е целосно свесна, но сепак е многу тешко. И уште еден пациент кој има тешка повреда на главата со повреда на левото око , за два-три дена ќе се направи интервенција. А за неа можам да кажам дека е целосно свесна, дека сама дише и комуницира“, вели Ашанин.

Кога станува збор за повредените во училиштето „Владислав Рибникар“, Ашанин вели дека од тројцата кои се лекуваат, еден ученик е во тешка состојба.

„Станува збор за пациент кој од почетокот беше многу критичен со тешки повреди на градниот кош, вратот и кичмата“, додава Ашанин.

Тој наведува дека повредениот ученик е многу подобро. Имаше интервенција од ортопед, микрохирург, операција на двете подлактици, нагласува Ашанин.

Тој додава дека и наставничката е доста стабилна.

Пред некој ден и беше интервенција на ортопед, микрохирург и и беше оперирана раката, вели Ашанин.

Тој посочува дека интензивно ги следат сите повредени, како и дека се планираат одредени контролни снимања и дека ги следат ефектите од извршените интервенции.

„Единствено што планираме во наредните денови е неврохируршка операција на пациентот кој има повреда на главата“, вели Ашанин.

Дополнително, додава тој, еден пациент кој имал повреди на урогениталниот регион во наредните денови ќе биде префрлен од одделението за интензивна нега на одделението.

Повреденото девојче кое е сместено во Детската клиника во Тиршова се уште е во животна опасност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Њусом е добар човек, но ужасно неспособен, јас би го уапсил

Дејан Дејан

Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО

Дејан Дејан

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе