Вести Свет

Украинците тврдат дека протерале руска бригада околу Бахмут, Пригожин обвинува дека руските сили се дале во бегство

Висок украински воен претставник изјави дека со контраофанзива во Бахмут, украинските сили присилиле руска бригада на повлекување.

„Спроведуваме ефикасни контранапади. На некои делови на фронтот, непријателот не можеше да се спротивстави на нападите на украинските бранители и се повлече два километра“, напиша на Телеграм, Александар Сирски, командант на украинските копнени сили.

Тој додаде дека борците на Вагнер на некои места ги замениле единиците на редовната руска армија кои биле слабо подготвени. Заменичката на украинскиот министер за одбрана, Гана Малијар уверува дека „украинските сили не загубиле ниту една позиција во Бахмут во изминатите 24 часа.

Агенцијата Франс прес наведува дека таквите тврдења засега не се потврдени.

„Нашите одбранбени сили го држат фронтот и го спречуваат непријателот да напредува. Битката за Бахмут продолжува“, нагласи Сирски.

Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, кој е во отворен конфликт со Генералштабот на руската војска, вчера ги обвини руските војници од редовниот состав дека побегнале од позиции во Бахмут. Тој неколку пати претходно се пожали и на недостиг на муниција и ја обвини руската воена хиерархија дека намерно не праќа оружје, па се закани и со повлекување на неговите единици од градот, доколку ситуацијата не се промени.

Бахмут е 95 отсто под руска контрола и за градот и околу него се водат најдолготрајните и најсмртоносни борби од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари лани. Иако руските сили и единиците на паравоената група Вагнер постепено освојуваа територија во Бахмут во изминатите месеци, сепак, украинскиот отпор во западниот дел од градот и натаму е жесток.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Њусом е добар човек, но ужасно неспособен, јас би го уапсил

Дејан Дејан

Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО

Дејан Дејан

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе