Вести Свет

Убиени двајца посетители и еден чувар во напад на синагога на тунискиот остров Ѓерба

Во напад на синагогата Ла Гриба на тунискиот остров Ѓерба, која на еврејскиот празник Лаг Баомер ја посетуваат аџии од цел свет, убиени се двајца посетители и еден чувар.

Напаѓачот најпрво убиле еден свој колега со службеното оружје, а потоа зел муниција и се упатил кон синагогата. Убиените цивили се 30-годишен човек од Тунис и 42-годишен Французин, соопшти министерството за внатрешни работи на Тунис.

Напаѓачот го убиле припадниците на безбедносните служби, а биле повредени уште 10 луѓе, меѓу нив, покрај агенти има и четири цивили. Според извештаите на израелските медиуми, за време на нападот во синагогата имало околу 1.000 луѓе.

Годишниот аџилак во најстарата зачувана синагога во Африка редовно привлекува Евреи од Европа и Израел во Ѓерба. Синагогата Ла Гриба е популарна дестинација и за туристите. Зградата со величествено дизајниран ентериер датира од 1920 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Њусом е добар човек, но ужасно неспособен, јас би го уапсил

Дејан Дејан

Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО

Дејан Дејан

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе