Вести Македонија

Стварно ни е страв, јас одам со чадор, ама тие кога ќе те нападнат, 5-6 па и 10 има, ти не можеш да се одбраниш – Тетовчани никако да куртулат од уличните кучиња

Тетовчани деновиве на социјалните мрежи алармираат дека низ градот се движат во глутници и по десетина бездомни кучиња. Се жалат дека не се чувствуваат безбедно и бараат надлежните да преземат мерки.

  • Од тие кучиња не се живее право да ти кажам, општината треба да преземе мерки, да најде чаре
  • Стварно ни е страв, јас одам со чадор, ама тие кога ќе те нападнат, 5-6 па и 10 има, ти не можеш да се одбраниш.
  • Ги има секаде, ако не е на пат, ќе биде на тротоар, ако не е на тротоар ќе биде во некој сокак, да не можеш да излезеш да пазариш“.

Од Општината велат дека секојдневно се носат кучиња од други населени места и дека нивни екипи иако ги следат, не е едноставно да ги идентификуваат лицата кои ги носат. Тврдат дека договорот со Амос шелтер за заловување 82 бездомни кучиња е испочитуван, а за понатамошни акции дополнително ќе се разговара.

  • Имавме еден договор со невладината организација Амос, таа ги направи своите работи, и стигнавме до некаде но не постигнавме целосно да го решиме овој проблем. Сега сме во контакт со институциите на државно ниво, вели Бесар Дурмиши, претседател на Совет на општина Тетово

Согласно новиот правилник за отштета, во Општина Тетово во процедура се 28 пријави за каснувања од бездомни кучиња, од почетокот на годинава.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан тестираше балистичка ракета во услови на тензии со Индија

Дејан Дејан

(ФОТО) Една жена загина во Солун откатко бомба експлодирала во нејзините раце

Дејан Дејан

Денес е Светскиот ден на слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе