Масовно убиство во основно училиште утрово во Белград. Осум лица се убиени, меѓу кои и деца, кога седмоодделенец утрово упаднал на час по историја во основно училиште во белградската Општина Врачар и почнал да пука во соученици, потврди Министерството за внатрешни работи на Србија. Меѓу загинатите се и учителка, како и член на училиштното обезбедување кој во тој моментот на пукање притрчал да ги заштити децата.
Три деца се хоспитализирани од кои едно е во критична состојба. Според неофицијални информации, повеќе од 10 деца се превезени во Ургентниот центар во Белград.
Српските медиуми јавуваат дека 14-годишното момче побегнало по пукање, но набрзо потоа било уапсено од полицијата. Крвавиот пир го изведол со пиштол на неговиот татко.
„Трагедијата веројатно би била многу поголема, доколку тој членот на обезбедувањето, не застанал пред момчето кое пукаше“, изјави Милан Недељковиќ, претседател на Општина Врачар.
Пред училиштето се бројни екипи на итната медицинска помош, како и полиција и во тек е згрижување на учениците. Полицијата го затвори приодот кон училиштето и ги пропушта само родители да ги изведат своите деца.
Сашко Димовски