Вести Најважни Свет

Како изгледал крвавиот поход на 14 годишникот во Белград – детали од истрагата

Крвавиот поход во училиште во Белград, Србија, започнал во 8 часот и 30 минути кога избезумен ученик пристигнува во училиштето, почнува да се расправа со чуварот, а потоа, кога мажот се обидува да го смири, тој почнува да клоца се околу себе, па вади пиштол и пука во чуварот, пишува Пинк.рс.

Убиецот потоа продолжува кон просториите на училиштето, а во ходник сретнува три деца и ги убива.

Од тука се упатува кон училницата по историја, а таму е учителката што „не ја сака“.

Со пиштол во раката, пука во наставничката, ја ранува, а потоа учениците скокаат врз него и го спречуваат да ги убие сите.

Во борбата со своите соученици убил уште петмина. Пука дури и кога паѓа на подот, а за тоа сведочат дупки од неговите куршуми на таванот од просторијата.

При претрес во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар каде утрово Коста К. уби десетина лица, пронајден е ранец во кој имало три молотови коктели. Го оставил ранецот во кабинетот за историја.

9 убиени во училиште во Белград од кои 8 деца, 7 во операциона сала – едно девојче се бори за живот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Експлодираше ракета на СпејсИкс

Дејан Дејан

Македонец ќе биде екстрадиран од Грција во Германија, бил баран за убиство

Дејан Дејан

Иранска ракета ја погоди главната болница во јужен Израел

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе