Вести Свет

Министри од 40 земји на климатска конференција во Берлин

Претставници од околу 40 земји денеска се собраа во германската престолнина за Петерсберг климатскиот дијалог. Дводневниот состанок е значаен преговарачки чекор кон овогодинешната климатска конференција во Дубари, позната како КОП28.

Зборувајќи пред почетокот на состанокот, германската министерка за надворешни работи Аналена Беарбок изјави дека целта на учесниците е да помогнат преку неконвенционални идеи да пронајдат решенија за справување со климатските промени.

Додека ние се собираме овде во Берлин, топлотен бран ги погоди Северна Африка и Шпанија. Температура од 38,8 степени во Кордоба, во април. Тоа никогаш не се случило. Знаеме за климатската криза, но исто така знаеме и дека не правиме доволно за да се справиме со таа климатска криза. И токму затоа се состануваме овде за Петерсберг климатскиот дијалог, министри од 40 земји, да бараме решенија, изјави Беарбок.

Активистите пак ги повикаа министрите да разговараат за воведување на глобален рок за напуштање на употребата на гфосилни горива, како и за начини како да им се помогне на сиромашните земји погодени од глобалното затоплување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ребаланс: Владата ќе троши повеќе пари, но планира и повеќе да собере во буџетот

Дејан Дејан

Повеќе ќе трошиме, повеќе и ќе собираме – финансии предлага избалансиран ребаланс на буџетот

Дејан Дејан

Клековски: Очекуваме експерт за ампутации од Словенија за повредените во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе