Вести Свет

Руската армија во борбите во Украина од декември до сега загубила 20.000 војници

Белата куќа синоќа објави разузнавачки информации за тоа дека руските загуби во борбите за Бахмут во изминатите пет месеци загинале 20.000 војници, со дополнителни 80.000 ранети.

Џон Кирби, координаторот за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност при Белата куќа соопшти дека бројката, базирана на проценки од американското разузнавање, половина од 20.000 загинати се припадници на приватната воена компанија „Вагнер“, која регрутираше затвореници по руските затвори.

Пропаднаа обидите на Русија да изврши офанзива во Донбас, пред сѐ преку Бахмут. Русија не може да окупира реална и стратешки суштествена територија, рече Кирби.

Според него, руската војска можеби постигнала одреден успех во Бахмут, но тоа е постигнато по „ужасна, ужасна цена“ и украинската одбрана во регионот останува силна.

Русија ги истошти своите воени резерви и вооружени сили, и тоа уште од декември, според нашите процени, Русија понесе над 100.000 загуби, вклучувајќи повеќе од 20.000 убиени во борба, од кои речиси половина се војници-вагнеровци, изјави Кирби.

Овие цифри едноставно се запрепастувачки, истакна тој, додавајќи дека руските загуби во Бахмут се трипати повеќе од американските загуби во битката за Гвадалканал за време на Втората светска војна.

Кирби рече дека наскоро ќе биде објавено за уште еден пакет американско оружје за Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп најави дека во наредните две недели ќе одлучи дали ќе го нападне Иран

Дејан Дејан

Димитров: Моите критичари ми понудија да бидам амбасадор во Вашингтон или да бирам земја, меѓудругото за да ме замолчат

Дејан Дејан

Димитров: Комесарот Вархеји имаше исклучително негативна улога, немаше друг претставник на ЕУ што се залагаше за мешање на пристапниот процес со еден тежок спор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе