Вести Свет

Првомајски протести низ Европа, само во Киев е нормален работен ден

Француската полиција употреби солзавец додека илјадници работници и активисти маршираа на едни од најголемите првомајски демонстрации во земјата во последните години. Во поддршка на француските синдикати се приклучија бројни меѓународни синдикални организации кои се мобилизираа против неодамнешната пензиска реформа на францускиот претседател Емануел Макрон со која се зголеми возрасната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

За време на протестите во француската престолнина, полицијата уапси најмалку 22 лица, а инциденти се забележи и во Лион каде демонстранти искршија прозорци на банки и друг имот.

Под притисок на инфлацијата, но и за економска правда и поголеми плати, илјадниците граѓани излегоа на протест и во Мадрид. Низ цела Шпанија, пак, се одржуваат 70-тина протести во организација на најмоќните синдикати кои предупредија на „социјален конфликт“, доколку не дојде до зголемување на платите.

Додека работниците ширум светот протестираа за подобри работни услови, во Киев денеска е нормален работен ден, бидејќи враќа спомени од ерата која многу Украинци сакаат да бидат заборавени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп најави дека во наредните две недели ќе одлучи дали ќе го нападне Иран

Дејан Дејан

Димитров: Моите критичари ми понудија да бидам амбасадор во Вашингтон или да бирам земја, меѓудругото за да ме замолчат

Дејан Дејан

Димитров: Комесарот Вархеји имаше исклучително негативна улога, немаше друг претставник на ЕУ што се залагаше за мешање на пристапниот процес со еден тежок спор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе