Четиринаесет лица се повредени откако им се урнал покрив на станбен објект во близина на Државниот универзитет во Охајо.
Началникот на пожарникарскиот баталјон на Колумбус, Стив Мартин, рече дека пријавата за несреќата ја добиле околу 19:40 часот.
Првично биле пронајдени 10 повредени лица но на крај нивниот број се искачи на 14 жртви кои во моментов се хоспитализирани во околните болници со различни повреди, но сите се во стабилна состојба.
Мартин за локалните медиуми изјави дека најверојатно причина за несреќата била преоптоварување на покривната конструкција бидејќи во моментот на несреќата жртвите, инаку студенти, биле качени на покривот од објектот.
Проценките се дека на покривната конструкција за време на несреќата имало од 15 до 45 луѓе, а градбата не била дизајнирана да ја држи толкава тежина.