Вести Свет

Вооружен маж уби пет лица, вклучително и дете, во нивниот дом во Тексас

Вооружен маж уби пет лица, меѓу кои и осумгодишно дете, во дом во Тексас, а инцидентот започнал кога вооружениот напаѓач почнал да пука во близина на куќата, соопшти полицијата

Меѓу другите жртви имало и две жени пронајдени како лежат врз две преживеани деца, изјавија од канцеларијата на локалниот шериф.

Истрагата покажа дека осомничениот е Мексиканец кој е вооружен со полуавтоматска пушка. Тој се уште е во бегство.

Полицајците веруваат дека мажот бил во алкохолизирана состојба додека почнал да пука во близина на куќата. Кога жителите побарале од него да престане, тој отворил оган кон објектот.

Во моментот на инцидентот на имотот имало вкупно 10 лица.

Се вели дека сите жртви се од Хондурас. Не се дадени детали за нивниот идентитет или каква било врска со напаѓачот.

Инцидентот се случи неколку дена откако девет лица беа повредени при пукање за време на забава на тинејџери во западен Тексас.

Пред две недели четворица млади луѓе беа застрелани за време на забава за 16-ти роденден во Алабама.

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, инцидентите со огнено оружје се главната причина за смрт кај децата и тинејџерите во САД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стотици Израелци преноќуваат во подземни железници

Дејан Дејан

Сончево со умерена локална облачност и ветровито – Временска прогноза за 21.6.2025

Дејан Дејан

Хезболах со порака: Не сме неутрални, стоиме зад Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе