Вести Свет

По осум години избрана новата Влада на Федерацијата БиХ

По осум години Федерацијата Босна и Херцеговина денеска ја доби новата влада на чело со премиерот Нермин Никшиќ (СДП).

Претставничкиот дом на Парламентот на ФБиХ назначи нова ентитетска влада откако високиот претставник во БиХ Кристијан Шмит наметна одлуки со кои се деблокира изборот на владата.

За именувањето на новата Влада на ФБиХ, што ја сочинуваат хрватските партии, предводени од ХДЗ БиХ, и партиите собрани околу пробосанската тројка коалиција – СДП, Народ и Правда и Наша странка гласаа 51 пратеник.

Двајца пратеници гласаа против изборот на новата Влада на Федерацијата БиХ, додека пратениците на Партијата за демократска акција (СДА) Бакир Изетбеговиќ и Демократскиот фронт (ДФ) Жељко Комшиќ ја напуштија собраниската седница пред гласањето.

Пратениците од СДА и ДФ им се придружија на граѓаните кои протестираа пред собраниската зграда поради наметнатите одлуки на Шмит.

Со големи безбедносни мерки и присуство на голем број полицајци се одржа седницата на Парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево со умерена локална облачност и ветровито – Временска прогноза за 21.6.2025

Дејан Дејан

Хезболах со порака: Не сме неутрални, стоиме зад Иран

Дејан Дејан

Завршни зборови на обвинетите за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе