Вести Свет

Од затворот во Судан избега поранешен политичар обвинет за злостор против човештвото – ОН стравуваат од нов егзодус

Поранешен судански политичар баран за наводни злосторства против човештвото избегал од затвор, за време на судирите. Ахмад Харун преку видео порака објавена на суданската телевизија самиот ја соопшти веста, дека дека тој и другите колеги поранешни функционери го напуштиле затворот – но рече дека ќе биде подготвен да се појави пред судството секогаш кога тоа ќе функционира.

Во аудио пораката што кружи на социјалните мрежи, Харун тврди дека тој и другите поранешни функционери одлучиле да заминат со помош на затворските чувари и вооружените сили.

„Донесовме одлука да се заштитиме поради недостаток на безбедност, вода, храна и третман, како и поради смртта на многу затвореници во Кобер“, изјави Харун.

Ахмад Харун беше меѓу оние кои се задржани во затворот Кобер во главниот град Картум, кои се соочуваат со обвиненија од Меѓународниот кривичен суд (МКС). Харун отслужуваше казна заедно со Омар ал-Башир, поранешниот претседател на Судан.

Башир беше соборен од војската по масовните протести во 2019 година и отслужуваше затворска казна за корупција.

Во меѓувреме, се уште трае 72-часовното примирје во африканската држава каде пред 10 дена избија жестоики судири меѓу армијата и паравоените сили за брза поддршка, кои се обидуваат да ја заземат власта. Но, вестите од терен кои ги јавуваат и ОН, се дека нема знаци дека завојуваните страни се подготвени сериозно да преговараат.

ОН се загрижени од нов егзодус на народот од Судан, кои за да избегаат од немирите бегаат во соседните држави, во Чад и во Јужен Судан.

Се наведува дека најмалку 20.000 бегалци од Судан пристигнале во Чад, а околу 4.000 јужносудански бегалци – кои живееле во Судан – се вратиле во нивната матична земја, но предупредуваат дека тие бројки може да се зголемат.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинетите ексдиректори на Клиниката за онкологија Нино Васев и Нехад Нухи одат во ефективен притвор

Дејан Дејан

Протест на пелагониските сточари за лошата состојба во земјоделството

Дејан Дејан

На 58 повредени во пожарот во Кочани веќе им е дадена компресивната облека

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе