Вести Магазин

Балетанки за мажи по цена од 750 евра – познат светски бренд лансира нов производ на пазарот

Модната куќа „Баленсиага“ досега повеќе пати изненадуваше со несекојдневни модели за продажба. Сега повторно се најде во центар на внимание, со лансирање на балетанки на мажи.

„Баленсиага“ лансира модел на балетанки под називот „Леополд“ по цена од 750 евра. На интернет страницата на компанијата, новиот производ може да се најде во сина, црна и беж боја.

Интернетот е преплавен со коментари бидејќи факт е дека балетанките се производ што е претежно наменет за жени, а студиите покажаа дека спаѓаат во најомразените обувки меѓу мажите. Она што е шокантно за дел од нив е изгледот на балетанките кои се идентични со женските и имаат машничка на врвот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кај некои воодушевување, кај некои мала паника – т.н. „рол облак“ на плажите во Португалија

Дејан Дејан

Републиканците пред усвојување на законот за даноци, демократите со сите сили се обидуваат да го спречат

Дејан Дејан

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе