Вести Магазин

Оскаровката Хилари Свонк роди близнаци во 48-та година: Не беше лесно, но вредеше

Холивудската актерка, Хилари Свонк роди близнаци (син и ќерка) и за првпат во животот, во 48-та година, стана мајка.

„Не беше лесно, но и тоа како вредеше. Момче и девојче. Честит Велигден, ви пишувам од рајот“, напиша актерката, која многумина ја паметат од филмот „Девојка од милион долари“, на социјалните мрежи.

Оскаровката во октомври лани објави дека е бремена и оти чека близнаци. Таа е во брак со Филип Шнајдер од 2018 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Израел продолжува со нападите во Газа – убиени и повредени повеќе десетици Палестинци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе