Вести Свет

Пад на популарноста на Бајден, најниска поддршка за реизбор има кај младите

Помалку од една третина од Американците сакаат реизбор на актуелниот американски претседател Џо Бајден на изборите следната година, покажуваат резултатите од анкетата објавени вчера од американскиот телевизиски канал Си-Ен-Ен.

Резултатите од анкетата покажуваат дека 42 отсто од испитаниците позитивно ги оценуваат активностите на Бајден како претседател. Во јануари тој беше поволно оценет од 45 проценти. Истражувањето покажува и зголемување на незадоволни граѓани од работата на претседателот од 55 отсто во јануари сега на 57 проценти.

Покрај тоа, 67 отсто од анкетираните оцениле дека здравствената состојба на Бајден не му дозволува ефикасно да ги извршува своите должности, а за 65 проценти од испитаниците тој не влева доверба.

Севкупно, само 32 отсто од анкетираните рекле дека Бајден заслужува да биде реизбран. Поддршката за Бајден е најмала кај Американците помлади од 35 години. Само 26 отсто од нив изјавиле дека Бајден е достоен за реизбор.

Анкетата беше спроведена пред да биде обвинет поранешниот претседател Доналд Трамп.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД се приклучи на израелската војна против Иран – нападнати трите клучни нуклеарни инсталации

Дејан Дејан

Колона возила над три километри на граничниот премин Богородица

Дејан Дејан

Мицкоски: Без додавки во извештајот за земјата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе