Вести Свет

Белата куќа до Конгресот ги достави доверливите документи за повлекувањето од Авганистан

Американскиот претседател Џозеф Бајден до Конгресот достави доверливи документи за повлекување на силите од Авганистан, соопшти синоќа Белата куќа. Администрацијата на Бајден, исто така, објави документ во кој сумира дека повлекувањето било планирано и извршено, заклучувајќи дека не постои замисливо „сценарио“ освен задржување на зголемени американски воени сили во земјата за да се борат против талибанците.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, го бранеше начинот на кој беше извршено повлекувањето во времето на Бајден, потсетувајќи дека демократскиот претседател е обврзан со договорите потпишани од неговиот претходник Доналд Трамп со талибанците.

Повлекувањето на САД од Авганистан „отсекогаш било намера на претседателот“ Бајден, рече портпаролот.

„Но, неспорно е дека одлуките донесени од претходната администрација и целосниот недостаток на подготовка значително ги ограничија достапните опции“, додаде Кирби. Бајден „не преговараше со талибанците. Тој не ослободи 5.000 затвореници. Тој не ја намали воената сила во Авганистан на 2.500 или не склучи договор со талибанците да не ги напаѓаат нашите војници“, додаде тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД се приклучи на израелската војна против Иран – нападнати трите клучни нуклеарни инсталации

Дејан Дејан

Колона возила над три километри на граничниот премин Богородица

Дејан Дејан

Мицкоски: Без додавки во извештајот за земјата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе