Вести Временска прогноза

Утрото ведро и студено, преку денот сончево – Временска прогноза за 7.4.2023

Утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -6 до 2°C, а максимумот од 10 до 17°C.

Агропрогноза:

Ниските минимални температури деновиве, можат да причинат штети со појава на мраз претежно кај овошките кои се многу поосетливи во овој период, во однос на зимскиот период. Промените од појавата на мразот можат да се јават во цветовите со нивно проретчување.

Кај овошките поотпорни на појава на пролетните мразеви се оние со затворен цвет, додека пак кај овошните видови со отворен цвет се повеќе осетливи, но најосетливи се со заметнат плод.

Исто така степенот на оштетување од појава на мраз зависи од видот и сортата, фазата на развој во која се наоѓа растението, општата состојба на растението, позицијата на теренот, конфигурацијата на земјиштето, релјефот, типот на почвата и сл.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-9 Попова Шапка, -5 Маврови Анови, -4 Крушево, -3 Берово, -1 Крива Паланка, 0 Битола, Прилеп, Виница, Куманово, 1 Тетово, Дебар, Штип, Охрид, Претор, Струмица, 2 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, 3 Дојран, 4 Демир Капија, 5 Гевгелија.

Висина на снежна покривка во 8 часот (во см)

5 Попова Шапка, 1 Маврови Анови.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе