Вести Најважни Свет

Украина со услов за Крим – ќе седнеме на маса со Русија, кога ќе стигнеме до административната граница на полуостровот

Официјален Киев испрати важна порака во врска со можни преговори со Русија. Како што објави „Фајненшл тајмс“, станува збор за најексплицитната порака дека Украина е заинтересирана за разговори“ по прекинот на средбите меѓу руската и украинската страна во април минатата година.

Андриј Сихиба, искусен украински дипломат и заменик шеф на канцеларијата на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека неговата земја е подготвена да влезе во дипломатски преговори со Русија за иднината на окупираниот полуостров Крим под еден важен услов.

„Ако успееме да ги оствариме нашите цели на фронтот, односно кога ќе бидеме на административната граница со Крим, подготвени сме да се отворат дипломатски разговори на таа тема. Тоа не значи дека го исклучуваме военото ослободување на Крим“, рече Сихиба во интервју за „Фајненшл тајмс“.

„Фајненшл тајмс“ истакнува оти изјавите на Сихиба би можеле да ја намалат загриженоста на западните челници кои се скептични за способноста и капацитетите на украинската армија за воено ослободување на Крим, но истовремено и загрижени поради можноста за ескалација на војната од такво нешто, па дури и со употреба на тактичко нуклеарно оружје.

Зеленски досега аксиоматски исклучуваше можност за било какви преговори со Москва, сè додека руските трупи не ја напуштат Украина, вклучително и Крим.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД се приклучи на израелската војна против Иран – нападнати трите клучни нуклеарни инсталации

Дејан Дејан

Колона возила над три километри на граничниот премин Богородица

Дејан Дејан

Мицкоски: Без додавки во извештајот за земјата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе