Вести Свет

Паравоената група Вагнер продолжува да трпи загуби во Украина

Шефот на руската паравоена група Вагнер, Евгениј Пригожин, денеска призна дека неговите луѓе сè уште трпат загуби во борбите во Украина.

Пригожин тоа го изјави за време на посета на едни гробишта.

На видеото што го објави неговата прес-служба на Телеграм, Пригожим може да се види како стои пред неколку десетици гробови на кои се положени венци со цвеќиња.

Тука сè уште се закопуваат борци на Вагнер. Ние овие гробишта ќе ги направиме споменик за идните генерации, рече Пригожин.

Руските власти даваат малку информации за загубите што ги претрпеа во Украина од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година.

Последниот официјален извештај на Министерството за одбрана во Москва датира од септември 2022 година и во него стои дека има 5.937 загинати војници.

Бројката не ги вклучува борците на Вагнер, кои официјално не се дел од војската.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД се приклучи на израелската војна против Иран – нападнати трите клучни нуклеарни инсталации

Дејан Дејан

Колона возила над три километри на граничниот премин Богородица

Дејан Дејан

Мицкоски: Без додавки во извештајот за земјата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе