Вести Свет

ММФ: Глобалниот раст ќе остане под три проценти во 2023 година

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска соопшти дека светската економија ќе доживее еден од најслабите периоди на раст во последните неколку децении и оти растот ќе биде помал од три проценти во 2023 година.

И покрај силата на пазарот на труд и потрошувачката на потрошувачите во повеќето напредни економии, како и закрепнувањето поврзано со повторното отворање на Кина, очекуваме раст од помалку од три проценти за 2023 година, изјави директорката на ММФ Кристалина Георгиева пред дипломати во Вашингтон.

Во претходниот извештај на ММФ за светската економија, на крајот на јануари, веќе беше предвиден раст од 2,9 отсто во 2023 година.

Георгиева додаде дека таквиот раст ќе биде околу три проценти во следните пет години.

Генералната директорка на ММФ рече дека приоритет треба да остане борбата против инфлацијата.

Таа изрази загриженост за состојбата со јавните финансии во повеќето земји, бидејќи јавниот долг е зголемен речиси секаде во светот, под влијание на пандемијата на коронавирусот, а потоа и поради последиците од руската инвазија врз Украина.

Според неа, значајни се предизвиците на кои треба да се одговори, особено за да се овозможи еколошка транзиција на земјите во развој, чии потреби се проценуваат на 1.000 милијарди долари годишно во следните неколку години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД се приклучи на израелската војна против Иран – нападнати трите клучни нуклеарни инсталации

Дејан Дејан

Колона возила над три километри на граничниот премин Богородица

Дејан Дејан

Мицкоски: Без додавки во извештајот за земјата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе