Пекинг да се ангажира кон заедничката одговорност за мирот во Украина и на другите глобални жаришта во светот, порача францускиот претседател Емануел Макрон кој денеска допатува во тридневна посета на Кина. Тој ќе се обиде да го притисне неговиот кинески колега, Си Џинпинг да влијае врз рускиот претседател за поддршка на мировните напори, за што, според француските медиуми и јавност, нема големи очекувања.
Макрон во Пекинг е придружуван од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за демонстрација на европското единство, особено за економските прашања.
Во говорот пред француските иселеници во Кина во француската амбасада во Пекинг, Макрон рече дека и трговијата ќе биде важна тема на посетата и најави потпишување на големи договори во неколку области.