Вести Свет

Берлускони на интензивна нега поради срцеви проблеми

Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони (86) е примен на одделението за интензивна нега во болницата „Сан Рафаела“ во Милано поради срцеви проблеми, изјави извор близок до него за „Франс прес“.

Според италијанската новинска агенција АНСА, неговата состојба е „стабилна“.

Берлускони, чија партија „Форца Италија“ е дел од владината коалиција на премиерката Џорџа Мелони, во последно време сè почесто е во болница. Во април во 2021 година, тој беше хоспитализиран повеќе од три недели поради последици од ковид-19, вирус на кој беше позитивен во септември во 2020 година.

Берлускони со години има вградено пејсмејкер, во 2016 година беше подложен на операција за замена на залистоци на аортата и се излекува од рак на простата. Во 2019 година беше на операција поради блокада на желудникот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД се приклучи на израелската војна против Иран – нападнати трите клучни нуклеарни инсталации

Дејан Дејан

Колона возила над три километри на граничниот премин Богородица

Дејан Дејан

Мицкоски: Без додавки во извештајот за земјата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе