Вести Свет

Во експлозија во кафуле во Санкт Петербург убиен познат руски воен блогер

Во експлозија во кафуле во вториот по големина руски град Санкт Петербург денеска е убиен познатиот руски воен блогер Владлен Татарски, потврди руското Министерство за внатрешни работи.

Во инцидентот едно лице загина. Станува збор за воениот блогер Владлен Татарски, а повредени се 16 лица, соопшти руското МВР.

Татарски, чие вистинско име е Максим Фомин, имаше повеќе од 560.000 следбеници на Телеграм и беше еден од најпознатите воени блогери, кој често даваше критички коментари за војната на Русија во Украина.

Експлозивот со кој беше убиен Татарски бил скриен во статетка, спакувана во кутија, а која му била дадена како подарок. Кафулето во кое беше извршен атентатот порано било во сопственост на Јевгениј Пригожин, основачот на приватна војска на Вагнер, која се бори на руска страна во Украина.

Засега не се знае кој е одговорен за експлозијата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петровска: Она што Израел го демонстрира не се однесува на останатите земји во регионот, туку се фокусирани на Иран

Дејан Дејан

Арсовски: Русија во моментот не може самата себе да си помогне, а не да му помогне на Иран

Дејан Дејан

Петровска: Со ударите во Иран, САД испратија пораки и кон сојузниците и кон ривалите и поддржувачите на Техеран, нападите можеа да се насетат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе