Облачно и студено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места во западните делови од снег. Попладне и во вечерните часови на повеќе места врнежите ќе бидат пообилни (над 30 л/м²), локално проследени со ретки грмежи. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Во Скопје облачно со врнежи од дожд, пообилни попладне и во текот на ноќта. Ќе дува умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 9°C, а максимумот од 7 до 13°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-1 Лазарополе, 1 Берово, Маврови Анови, 2 Крива Паланка, 3 Крушево, 4 Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Куманово, Дебар, 5 Прилеп, Струмица, Штип, Виница, Претор, 6 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Демир Капија, 9 Дојран, 10 Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
11 Маврови Анови, 10 Лазарополе, 8 Виница, Крива Паланка, 5 Дебар, Попова Шапка, 4 Берово, Охрид, Крушево, 3 Струмица, 2 Пожаране, 1 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Прилеп, Битола, Гевгелија, Дојран.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/