Вести Свет

Абазовиќ: Иднината им припаѓа на новите луѓе, убеден сум во победата на Милатовиќ

Црногорскиот премиер со технички мандат, Дритан Абазовиќ, по гласањето во вториот круг од претседателските избори, денеска апелираше граѓаните да гласаат слободно и опуштено, а новиот претседател на Црна Гора да биде избран во достоинствена атмосфера. Притоа тој изрази очекување Јаков Милатовиќ ќе биде избран за претседател.

Лично, не очекувам никаква неизвесност. Убеден сум дека Црна Гора вечерва ќе го добие новиот претседател Јаков Милатовиќ. Тоа ќе го означи крајот на политиката од 1990-тите во овој регион, и формално и суштински, рече техничкиот премиер по гласањето во Улцињ, соопшти неговиот кабинет.

Абазовиќ оцени дека иднината им припаѓа на нови луѓе кои можат да донесат нова вредност во политичкиот живот на Црна Гора и заеднички да ја градат европската иднина.

Сите гласајте слободно, опуштено. Уживајте во убавото време во Црна Гора. И се надеваме дека вечерва поразените ќе му честитаат на победникот, а од утре сите ќе ги засукаме ракавите и ќе изградиме поубава и подобра иднина, рече тој.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петровска: Она што Израел го демонстрира не се однесува на останатите земји во регионот, туку се фокусирани на Иран

Дејан Дејан

Арсовски: Русија во моментот не може самата себе да си помогне, а не да му помогне на Иран

Дејан Дејан

Петровска: Со ударите во Иран, САД испратија пораки и кон сојузниците и кон ривалите и поддржувачите на Техеран, нападите можеа да се насетат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе