Вести Свет

Курти: Потребна ни и е брза и коректна примена на договорот со Србија

Премиерот на Косово, Албин Курти денеска изјави дека договорот постигнат во Брисел и „патната карта“ за негова имплементација договорена во Охрид се јавни документи и дека е потребна нивна „точна и брза имплементација“, јави српската агенција БЕТА.

На 4 април во Брисел ќе се разговара за прашањето за имплементација на веќе договорениот договор. Договор има, договорот постои, јасно е јавен за сите и ни треба негово правилно и брзо спроведување. Затоа ќе биде организиран состанок со главните преговарачи, на кој ќе учествува косовскиот вицепремиер Бесник Бислими, истакна Курти по состанокот организиран од Советот на Европа во Приштина.

Тој наведе дека договорот мора да се имплементира во целост и оти не постои можност дел да се спроведе, а дел, не.

Не треба да го уриваме договорот земајќи ги деловите кои сакаме. Зборот „итно“ е употребен во реченицата што се однесува на исчезнатите односно насилно исчезнатите, посочи Курти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ФОТО)Пораки од „Кој е следен?“ – Наведнатата глава не ни помага – сабјата упорно нè сече

Дејан Дејан

Израел го прифати предлогот на Трамп за примирје со Иран

Дејан Дејан

Претседателката Сиљановска-Давкова на НАТО самитот во Хаг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе