Вести Македонија Најважни

Учебниците за основно преполни со грешки и неточни информации, а за средно не ни има доволно книги

Логична задача за првоодделенците, или пак недоумица уште од самиот почеток?!

Ниту најосновното четиво за „добредојде“ во образовниот процес – Букварот, не е имун на содржински и печатни грешки. Ова е букварот издаден во 2022 година, а на страницата за вежби, за дополнување на буквите кои треба да го направат зборот целосен се бара (не)точен одговор од првоодделенците.

И новите и старите учебници се полни со недоследности и содржински нејаснотии. Гај Јулиј Цезар уште пред деценија и половина е прекрстен во Кајсар. Во прва година средно и ден-денес учат од овој учебник по историја испечатен во 2009 година. Додека учебниците се преполни со грешки кои колку повеќе се чита учебникот, толку повеќе излегуваат на површина – средношколците кубурат со материјали. Им бараат знаење, а не им даваат доволно учебници.

Актуелниот министер за образование, пред неколку дена кажа дека нема пари за сѐ, за потоа да се оправда дека јавноста погрешно го разбрала дека нема пари за учебници. Тврди дека има пари за учебници за основно и средно образование, но проблем претставува стручното образование. Од Сојузот на средношколци возвраќаат на ваквите изјави.

Проблемот дефинитивно е голем. Од една страна, добро е што имаме јавно признание дека навистина постои недостаток на учебници бидејќи всушност поголемиот дел од учебниците за стручно образование недостасуваат од моментот на воведување на стручното образование во Македонија, а не од оваа учебна година. Така што, добро е да имаме јавно признание, но од друга страна пак сметаме дека е недозволиво да се случи таков образовен крах бидејќи учебникот е основното наставно средство, рече лука Павиќевиќ, Претседател на Сојузот на средношколци.

Според Павиќевиќ, неопходно е да се делува краткорочно и да се обезбеди некаков материјал за стручно образование, но да се зголеми и праксата. Долгорочните решенија се потешки – а, препораките се да се намали бројот на образовни профили бидејќи сега има премногу квалификации коишто се добиваат во средно стручно, а тоа повлекува поголем број на предмети и покомплексен образовен процес. Во меѓувреме, од Владата уверуваат дека во буџетот за идната година ќе бидат обезбедени сите учебници бесплатно за учениците. Лани, со тендер од 5 милиони евра беа обебедени учебници само за основно.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе