Новата работна седмица ќе ја отпочнеме со променливо облачно време, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во текот на денот ќе дува засилен ветер од југозападен правец кој кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен што ќе услови значително заладување. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминат во слаб снег.
Во Скопје променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од југозападен правец.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo