Вести Наука и здравје

Слики навалени за неколку степени – Музејот во Виена со предупредување за глобалното затоплување

Музејот во Виена, каде што климатските активисти неодамна ја таргетираа стаклената заштита на сликата на Густав Климт, одговори со изложба наречена „Неколку степени повисоко“, во која сликите се навалени за неколку степени за да привлечат внимание поради глобалното затоплување.

Активистите на групата „Последна генерација“ го обоија стаклото пред сликата на Климт, „Смртта и животот“, во музејот „Леополд“ во Виена, а еден ја залепи раката за стаклото на протестот во ноември повикувајќи на прекин на црпењето на нафтата.

„Сметаме дека тој начин е сосема погрешен“, изјави уметничкиот директор на музејот, Ханс-Петер Виплингер, за „Ројтерс“ на денот на отворањето на изложбата „Неколку степени повисоко“.

Во рамките на изложбата, 15 дела на уметници, меѓу кои и на Климт и на австрискиот великан Егон Шиле, се обесени наопаку со придружни текстови, кои го привлекуваат вниманието од ефектот на глобалното затоплување.

Според меѓувладиниот панел на Обединетите нации за климатски промени (IPCC), емисиите мора да се преполоват до средината на 2030-тите ако светот сака да има какви било шанси да го ограничи порастот на температурата до 1,5 Целзиусов степен над прединдустриските нивоа – клучна цел содржана во Парискиот договор од 2015 година.

„Сакавме да иницираме нешто продуктивно, нешто комуникативно. Ова значи да се пренесе порака и тоа не само со спектакуларни фотографии (како што е протестот) туку и преку помагање на посетителите да дознаат повеќе за ситуацијата и разните контексти на ова глобално затоплување“, рече Виплингер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе