Само неколку дена откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење, рускиот претседател Путин е домаќин на кинескиот лидер Си Џинпинг кој во Москва доаѓа за првпат од воената инвазија на Украина. За Пекинг ова е пријателско патување, кое треба да има конструктивна улога во промовирањето на мировните преговори кои ги предложи Кина во 12 точки. Путин на почетокот од денешната средба го поздрави кинескиот план за решавање на актуелната криза во Украина, ги видел предлозите на резолуцијата и ги почитува, но деталите ќе ги разговараат зад затворени врати.
На неформалниот разговор, Путин го пофали брзиот развој на Кина на што како што кажа цел свет е љубоморен.
- Во изминативе години, Кина направи огромен скок во развојот и целиот свет е искрено заинтересиран, а малку сме и љубоморни
Си Џипинг исто не штедеше пофални зборви за рускиот колега, што го потврдува јасниот знак за поддршката на Кина за Русија, во време кога Кремљ е под силен меѓународен притисок. Најавата дека двајацата светски лидери ќе разговараат за кинескиот предлог да се заврши војната во Украина, за Западот не влева голема надеж, најмногу поради тоа што во ниту една од 12-те точки Кина не апелира руската војска да се повлече од Украина.
- Тоа не е конструктивна дипломатија. Повикот за прекин на огнот што не вклучува отстранување на руските сили од украинска територија, ефикасно ќе биде поддршка на ратификацијата на руското освојување. Тоа ќе ги признае обидите на Русија да ја заземе територијата на суверениот сосед со сила. Тоа ќе и овозможи на Русија дополнително да ги зацврсти позициите во Украина. Светот не треба да биде измамен со каков било тактички потег на Русија, поддржан од Кина или која било друга земја да ја замрзне војната по свои услови, изјави државниот сектерат на САД, Ентони Блинкен.
Путин не му верува повеќе на Западот, и поради тоа ќе се обиде да создаде свој анти-западен свет, сметаат аналитичарите. Во тој нов свет, Москва најмногу се потрпира на Пекинг, чиј интерес пак е да ги стабилизира односите со соседот со кој дели над 4 илјади километри долга граница, и чија огромна економија зависи од руската нафта.
Алиса Шутиноска