Вести Најважни Свет

Кинескиот претседател Џинпинг од денеска во тридневна посета на Русија

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ја почнува тридневната посета на Русија, на покана на неговиот руски колега, Владимир Путин. Фокусот на разговорите, според официјален Кремљ, ќе биде натамошно продлабочување на партнерските односи меѓу двете земји.

„Државната посета на претседателот Џинпинг на Русија претставува пресвртница во руско-кинеските односи во новата ера. Ова ќе биде силен поттик на билатералните односи и развој на меѓусебните врски на високо ниво“, изјави кинескиот амбасадор во Москва, Џанг Ханхуи и додаде дека двајцата државници се сретнале 40 пати во последните 10 години.

Според портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, најпрво е планирана средба во четири очи меѓу Путин и Џинпинг, а потоа и заедничка вечера. Разговори во проширен круг на луѓе се планирани за вторник.

Денешната посета на Џинпинг на Кина е негова прва по, речиси, четири години. Кина официјално не ја осуди руската инвазија на Украина, но досега главно се придржуваше на санкциите кон Москва. Официјален Пекинг, исто така, сигнализираше дека евентуална руска употреба на нуклеарно оружје е неприфатлива.

Посетата на Џинпинг на Москва беше официјално потврдена во петокот. Неколку часа по најавата, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател, Владимир Путин за наводно воено злосторство – присилна депортација на украински деца во Русија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обезбедени седум нови лекови за третман на онколошки пациенти

Дејан Дејан

Палестинците низ Газа сè уште се борат со сериозен недостиг на храна

Дејан Дејан

ОЈО со обвинение: Жител на Бутел ја давел и со чадор ја тепал сопругата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе