Вести Свет

Путин во обиколка на окупираните територии од Украина

Рускиот претседател Владимир Путин во придружба на началникот на Генералштабот Валериј Герасимов го посети командното место на руската специјална воена операција во јужниот град Ростов на Дон каде што одржа средба со воениот врв. Претходно Путин беше во ненајавена посета на украинскиот град Мариупол кој по месеци тешки борби и со огромни загуби на двете страни руската војска го презеде под своја контрола. откако во саботата пристигна на Крим за време на одбележувањето на деветгодишнината од анексијата на полуостровот сместен во Црното Море. Посетите уследија неколку дена откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот водач обвинувајќи го за воени злосторства.

Герасимов: Можам да пријавам за состојбата во канцеларијата или да одиме на командно место.

 

 Путин: Се разбира, како што велите.

 

 Герасимов: Колку време имате?

 

 Путин: Колку време, колку што е потребно.

Путин пристигна во Мариупол со хеликоптер, а потоа со автомобил се возеше околу „меморијалните места“, концертната сала и крајбрежјето на градот, пркосејќи им на опасностите од воените дејсвија кои се одвиваат на источната фронтална линија. Според извештаите на руските медиуми тој се сретнал со локалните жители во областа Невски во градот. Мариупол стана светски симбол на пркос на вооружените украински сили кои со месеци даваа отпор од тамошната фабрика за челик пред Москва конечно да ја преземе контролата над неа во мај.

Жител: Не го очекував тоа! Може ли барем да се поздравам? Благодарам!

 

Жител: Ве гледаме многу пати на телевизија.

 

Путин: Треба подобро да се запознаеме!

 

Путин: Дали живееш овде?

 

Жители: Да. Да, ние живееме овде. Јас живеам на приземје, а тие на првиот кат.

 

Путин: Дали ви се допаѓа?

 

Жители: Да, се разбира, топло е и пријатно. Ви благодариме.

 

Жителка: Тоа е мало парче од рајот.

 

Путин: Ќе го прошириме.

 

Жител: Можеш да одиш да ги видиш собите ако сакаш.

 

Путин: Ако е во ред…

 

Жителка: Не очекувавме да го добиеме новиот стан оваа година.

 

Путин: Колку соби имаш овде?

 

Жител: Три.

 

Путин: Нема да ви пречиме, извинете што пристигнав толку неочекувано.

 

Жител: Ви благодариме што дојдовте! Многу ни е мило што ве гледаме!

Портпаролот на Кремљ на пресконференција за медиуми објави и детале од разговорите со граѓаните на Мариупол. Рече дека жителите на рускиот претседател му ги предочиле проблемите со кои се соочуваат по преземањето на градот од страна на руските сили.

Жителите поставија прашања за доцнењето на платите, дека тешко се поднесува барање за државјанство на Руската Федерација, тешко се издаваат пасоши. Затоа ќе има инструкции од шефот на државата за подобрување на овој систем, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Во саботата, Путин отпатува за Крим, за да ја одбележи деветгодишнината од анексијата на полуостровот на Црното Море. Ова е прва негова посета на вооружените сили на терен. Советник на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Герашченко, на Твитер ја спореди посетата на Путин на окупираниот Мариупол со Хитлеровата посета. Тој во својот пост напиша „Друг диктатор го посети Мариупол. Знаеме како заврши неговата приказна. Многу историчари и современици тврдат дека токму тука Хитлер за првпат сфатил дека војната е изгубена“, стои во пораката на Герашченко. Дел од медиумите посетата на Путин ја опишаа како „ШОУ“, а пишуваат и дека најверојатно снимките се направени многу претходно и се стари.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Палестинците низ Газа сè уште се борат со сериозен недостиг на храна

Дејан Дејан

ОЈО со обвинение: Жител на Бутел ја давел и со чадор ја тепал сопругата

Дејан Дејан

Силно невреме ја погоди Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе