Вториот ден од викендот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува умерен, во должина на Повардарието засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од -1 до 6 °C а дневната од 8 до 15°C.
Информации од ова утро: 11.3.2023
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
0 Попова Шапка, Лазарополе, 2 Маврови Анови, 3 Берово, Крушево, 5 Претор, 6 Скопје-Петровец, Битола, Охрид, Тетово, Струмица, 7 Скопје-Зајчев Рид, Виница Крива Паланка, Прилеп, Штип, 8 Гевгелија, Дојран, 9 Демир Капија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м2)
29 Лазарополе, 27 Маврови Анови, 26 Пожаране, 23 Попова Шапка, 20 Охрид, 19 Крушево, 14 Тетово, 7 Скопје-Петровец, 6 Претор, 5 Штип, Прилеп, Берово, Битола, 4 Крива Паланка, Ѓуриште, 1 Демир Капија, Дојран.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 7 часот (во сm)
8 Попова Шапка.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/