Променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено претпладне. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.
Во Скопје претпладне со повремени врнежи од дожд, попладне променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 6°C, а максимумот од 8 до 15°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-2 Попова Шапка, Лазарополе, 0 Берово, Маврови Анови, Крушево, 2 Претор, 3 Крива Паланка, 4 Охрид, Прилеп, 5 Тетово, Битола, Струмица, Виница, 6 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип, Дојран, 7 Демир Капија, 9 Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м²)
8 Попова Шапка, Крушево, 7 Прилеп, Тополчани, 6 Претор, Битола, Ѓуриште, Гевгелија, Охрид, 4 Пожаране, Демир Капија, Маврови Анови, 3 Лазарополе, Дојран, 2 Тетово, Крива Паланка, 1 Виница, Берово, Штип, Струмица.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
17 Попова Шапка, 3 Крушево.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/