Карневалот во Рио де Жанеиро, како најголем и најатрактивен танцов и музички настан во светот, по тригодишна пауза се врати во полн сјај. Весела атмосфера, многубројна и разиграна публика, илјадници учесници, разнобојни костими и улични забави ја одбележаа годинашното издание на т.н. Кралица на карневалите.
Карневалот во Рио е еден од најважните случувања за бразилската култура кој традиционално почнува 40 дена пред Велигден и трае цела недела во звуците на самба и румба.
Најголемото шоу и овојпат беше на Самбадромот, познатиот карневалски простор, на кој дневно имаше по околу 100.000 луѓе со 18.000 паради. Бразилската Влада очекува приход од околу една милијарда долари од баровите, хотелите и рестораните во седумте карневалски денови.
Спектакуларниот карневал во Рио пред две години за првпат беше откажан по повеќе од еден век, поради пандемијата на коронавирусот.