Вести Свет

ЕУ и САД очекуваат од лидерите на Србија и на Косово да го прифатат европскиот предлог за нормализација на односите

Европската унија (ЕУ) и САД очекуваат лидерите на Србија и Косово, утре во Брисел, да го прифатат европскиот предлог, како појдовна точка за целосно решавање на односите меѓу двете страни и да почнат да работат како да го спроведат во рок од неколку месеци, јави српската агенција Бета.

Европски дипломати на затворен брифинг им рекле на новинарите дека српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, ставиле до знаење дека ќе ги претстават своите црвени линии и услови во однос на европскиот предлог, познат и како француско-германски план.

Дипломатите велат дека Унијата и САД се убедени дека овој предлог го зема тоа предвид и нуди решенија, а Вашингтон посочи дека конечниот договор ќе значи важни отстапки и болни компромиси за двете страни. Затоа, нема веднаш да се разговара за содржината на предлогот, кој е утврден во анексот и не е објавен, туку за чекорите за што поскоро спроведување.

И САД и ЕУ, кои велат дека не станува за понуда „земи или остави“, се категорични дека онаа страна која ќе го одбие предлогот ќе се соочи со тешки економски, финансиски и политички последици во односите со западот.

Официјални претставници во Брисел го образложија својот став дека прифаќањето и спроведувањето на овој договор од српска страна, значи де факто признавање на независноста на Косово, а не официјално, бидејќи тоа не се бара во појдовните точки и принципи на договорот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателот на Врховниот суд Фидани вети дека ќе ја врати довербата во судството

Дејан Дејан

Очекувајте темератури над 40 степени, ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните

Дејан Дејан

Паолучи: Фокусирајте се на зајакнување на домашните темели на економскиот раст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе