Вести Свет

Зеленски: Победата е неизбежна, доколку сојузниците ги исполнат ветувањата

Победата неизбежно ќе биде наша, доколку сојузниците ги исполнат ветувањата и роковите кои ни ги дадоа за нивно исполнување, изјави на денешната прес конференција во Киев, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на крајот на првата година од почетокот на руската инвазија на неговата држава.

Ќе продолжиме да ја браниме својата држава, додаде Зеленски, јасно посочувајќи под кои услови може да се бара дипломатско решение на крвавите судири меѓу двете соседни земји.

„Ве молам, почитувајте го нашето право да живееме на нашата земја. Напуштете ја нашата територија. Престанете да не бомбардирате. Престанете да ги убивате цивилите. Претстанете да ја уништувате сета наша инфраструктура, енергија, вода за пиење, престанете да ги бомбардирате градовите, селата, да ги убивате кучињата и мачињата, животните. Да ги горите шумите. Ако престанете со сето ова, ќе ви кажеме во кој формат ќе ставиме дипломатска точка на војната“ – вели Зеленски.

Во Украина денеска пристигнаа и првите германски тенкови Леопард 2, донација на Полска ,потврди премиерот на оваа држава Матеуж Моравиецки. Донациите на сојузниците во НАТО, во наредниот месец ќе и овозможат на Украина да го формира првиот батаљон од 30-тина германски тенкови Леопард 2.

Во последните недели, Украинските власти се погласно бараат и воена помош во борбени авиони, што досега не доби зелено светло од Западот.

Зеленски денеска го коментираше и ткн мировен план на Кина од 12 точки, кој повикува на прекин на огнот и продолжување на мировните преговори, но и на унилатералните санкции и напуштање на менталитетот од Студената војна.

Има идеи со кои се согласуваме , но и предлози со кои не се согласуваме, вели Зеленски, додавајќи дека про-активната позиција на Кина во однос на војната во Украина не е воопшта лоша работа.

А која е најскапата цена на секоја војна? Уништените згради може да се изградат повторно, инфраструктурата може да се обнови. Тоа што не може никогаш да се надомести се изгубените човечки животи, најголем дел од нив млади, на двете страни на крвавата војна.

15 нови редови гробови се додадени на централните гробишта во градот Харков во текот на последната година по почетокот на руската инвазија на Украина.

Десетици украински знамиња треперат во силниот ветер, секое поставено во чест на војник убиен во војната.

Голем дел од нив ги загубија животите во борбите за контрола на градот Бахмут, најжестоки од почетокот на војната, каде позицијата на Украинските бранители е се потешка.

„Тешко е да се опише како се чувствувам. Се случува кошмар во целосна смисла на тој збор“ – вели еден жител на Харков.

Но ниту големите загуби во овој дел од фронтот, ниту фактот дека во моментов не контролираат 20% од својата територија, не ја намалуваат волјата на Украинците да се борат. Од друга страна не се менува ниту реториката на официјална Москва.

Специјалната воена операција во Украина ќе продолжи се до исполнувањето на своите цели, упорно порачува Русија.

Неофицијално, двете страни најавуваат поголеми офанзиви со доаѓањето на пролетта, што само ја зголемува веројатноста за нови лоши вести од фронтот во Украина во наредните 365 дена.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе