Полската армија поставува противтенковски бариери „ежови“ на патиштата кон Белорусија и Русија, објави на Твитер министерот за национална одбрана на земјата Мариуш Блашчак.
– Почнавме превентивно зајакнување на безбедноста на границата со Русија и Белорусија. Тоа е дел од нашата стратегија за одбрана и задржување. Првите утврдувања веќе се поставуваат на границата со регионот Калининград“, напиша тој.
Блашчак објави и фотографии, според кои се поставени противтенковски ежови и бетонски утврдувања на патиштата кои водат до контролните пунктови.