Вести Свет

Годишнина од руската инвазија на Украина – светот кон нова Студена војна

Телевизиско обраќање на рускиот претседател, Владимир Путин на денешен ден лани го промени светот. Руската армија, со поддршка од воздух и море, ја почна инвазијата врз Украина од неколку домашни правци, но и од Белорусија и покрај укажувањата на Советот на безбедност на ОН да не го чини тоа. Илјадници руски копнени сили продираа на украинска територија на што украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори со објава на вонредна состојба, прекинување на дипломатските односи со Москва и најава за општа мобилизација.

Почетокот на воените дејствија упатуваше дека Русите ќе направат блицкриг, меѓутоа руската армија во моментот не го држи под контрола обемот на територија што ја имаше заземено во раните фази на војната. Украина спроведе контраофанзива во септември и успеа да врати дел од североисточната област оклу Харков и да ги принуди Русте на повлекување од Херсон. Одоговорот на Кремљ беше ракетирања и напади со дронови врз енергетската инфраструктура.

Година дена подоцна крајот на војната не е на повидок, и покрај острите санкции на владите ширум светот кон Русија и големата помош и поддршка во пари, оружје и муниција што ја испорачуваат за Киев. Загубени се илјадници човечки животи, над седум милиони луѓе се бегалци, предизвикана е економска криза, но сигнали за завршување на конфликтот нема.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе