Вести Најважни Свет

На ден пред годишнината од руската инвазија врз Украина Путин најави зголемено зајакнување на нуклеарните сили

Рускиот претседате Владимир Путин утринава во видео обраќање до нацијата кажа дека Русија ќе се насочи кон зајакнувањето на своите нуклеарни сили. Објавата е на ден пред годишнатата од руската инвазија во Украина, но и на државниот празник Бранител на татковината.

Како и досега, ќе посветиме зголемено внимание на зајакнувањето на нуклеарната тријада. Оваа година во борбена задача влегуваат првите фрлачи на ракетниот систем „Сармат“ со нова тешка ракета. Ќе продолжиме со сериското производство на хиперсонични системи Кинжал со воздушно лансирање и ќе започнеме со масовни испораки на хиперсонични ракети Циркон лансирани од море. Со ставањето во функција на нуклеарната подморница „Императорот Александар III“ од проектот „Бореј-А“ во морнарицата, уделот на модерно оружје и опрема во поморските стратешки нуклеарни сили ќе достигне 100 проценти. Во наредните години, борбената сила на флотата ќе се надополни со уште три крстосувачи од овој проект“, рече путин.

Одлуката на Путин следува два дена откако рускиот претседател го суспендираше учеството на неговата земја во последниот преостанат договор за намалување на стратешкото нуклеарно вооружување со САД, попознат како „Нов старт“, што Џо Бајден го опиша како голема грешка.

Во два свои говора во септември, Путин навести дека ако биде потребно, би употребил нуклеарно оружје за да ја одбрани Русија.

Тој најави дека интерконтиненталните балистички проектили „сармат“ за првпат ќе бидат распоредени оваа година. Тие имаат способност да носат повеќе нуклеарни глави.

Русија утре ќе почне воени вежби со Кина и Јужна Африка, при што испрати фрегата опремена со хиперсонични проектили.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Пожарот над Кочани сè уште активен, на терен над 30 пожарникари

Дејан Дејан

Мицкоски: Размислуваме да воведеме данок за немажени и неженети

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе