Вести Свет

ЕУ блиску до договор за 10-ти пакет санкции против Русија

Европската унија (ЕУ) е блиску до воведување на десеттиот пакет санкции против Русија поради нејзината инвазија во Украина, а се очекува денеска, доколку се надминат разликите во ставовите во однос на забраната за увоз на гума и дијаманти од Русија, да биде постигнат конечен договор, потврдија дипломати од земјите членки на ЕУ.

На санкционираната листа треба да има поединци и официјални лица вклучени во илегалната депортација на околу 6.000 деца од Украина. Десеттиот пакет санкции се очекува да вклучи и седум ирански деловни субјекти за кои се верува дека произведуваат опрема што ја користи Русија во воените операции во Украина.

ЕУ сака 10-тиот пакет санкции да опфати поединци и субјекти обвинети за депортирање деца.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе