Вести Свет

Девет Палестинци загинаа, а 97 се повредени во израелска рација во Наблус

Девет Палестинци загинаа, а 97 се повредени денеска во израелска рација во градот Наблус на окупираниот Западен Брег, соопштија палестинските власти.

Опколувајќи една куќа во Стариот град, израелските војници употребиле боева муниција против Палестинците кои протестирале поради рацијата.

Меѓу повредените, шестмина се во тешка здравствена состојба.

Според вестите на палестинска агенција Wafa, во интервенција на израелските сили биле повредени двајца новинари.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе