Вести Свет

Ублажување на обвинението за Алек Болдвин – отфрлени отежнувачките околности за убиство од небрежност

Обвинителството во Ново Мексико (САД) ги отфрлија обвинувањата за отежнувачки околности во судењето на актерот Алек Болдвин за убиство од небрежност. Нему и натаму му се суди по две точки за убиство од небрежност во смртоносното пукање на снимањето на вестернот „Рѓа“ во 2021 година.

Поради точката за отежнувачки околности, Болдвин се соочуваше со задолжителна казна затвор во траење од пет години. Тој за време на една од пробите држеше пиштол кој истрела куршум што беше фатален по животот на директорката на фотографија, Халина Халинс, а го повреди и режисерот Џоел Соуза.

Иако Болдвин тврдеше дека не го повлекол чкрапалото, обвинителите, сепак, инсистираа дека пиштолот не можел сам од себе да истрела куршум. Доколку биде осуден по останатите точки од обвинението, американскиот актер ќе мине 18 месеци во затвор.

Окружното обвинителство во Санта Фе соопшти дека одлуката за отфрлање на обвинението за кривично дело е донесена, наводно, за да се избегне подолг правен спор со адвокатскиот тим на Болдвин.

„Приоритет на обвинителството е да ја задоволи правдата, а не да им дава можност за хонорари на скапите адвокати од големите градови врз основа на наплатливите часови ангажман“, соопштуваат од обвинителството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе