Вести Свет

Медведев: Русија го прекина учеството во договорот „Нов СТАРТ“ како одговор на американската политика

Русија го прекина учеството во новиот Договор за намалување на стратешкото вооружување „Нов СТАРТ“, како одговор на антируската политика на Вашингтон, изјави денеска заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.

САД го добија тоа што го заслужија за својата глупава антируска политика, односно суспендирање на новиот СТАРТ. Не можете да се борите против Русија, а да изгледа дека на прашањата за стратешката стабилност се работи како и вообичаено, напиша Медведев на Твитер на англиски.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во своето обраќање пред Сојузното собрание соопшти дека Русија го прекинува учеството во „Нов СТАРТ“, но дека не се повлекува од него.

Путин нагласи дека пред да ги продолжи разговорите за натамошните активности во рамките на договорот, Русија мора сама да разбере, како што наведе, „што бараат земјите од НАТО како што се Франција и Обединетото Кралство“ и како ќе се земат предвид нивните стратешки арсенали.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе