Вести Свет

Бајден: Ќе го браниме секој инч од територијата на НАТО, Русија никогаш нема да победи

Американскиот претседател Џо Бајден ја потврди посветеноста на Соединетите Држави на европската безбедност во својот говор за војната во Украина . По ненадејната посета на Киев, тој денеска пристигна во Полска и одржа говор пред илјадниците луѓе насобрани пред Кралскиот Замок во Варшава.

Бајден ѝ кажа на публиката дека по една година од војната во Украина може „да пријави дека Киев стои силен“.

И што е најважно, рече тој, „тоа стои слободно“.

Во своето обраќање, Бајден, исто така, ја истакна посветеноста на Полска и другите сојузници кон Украина во текот на изминатата година.

Неговиот говор беше одговор на денешното годишно обраќање на рускиот претседател Путин. Им се обрати на сите Руси, велејќи дека светот не води војна против Русија, како и дека ниту Западот не заговарал да ја нападне Русија, како што Путин кажа денеска. Оваа војна не беше никогаш потребна, туку е трагична, рече Бајден, додавајќи дека рускиот претседател сам одлучил да го турне својот народ во војна. Американскиот претседател рече дека не може да се препушти на апетитите на автократите, туку мора да им се спротистави.

  • Кога претседателот Путин нареди неговите тенкови да влезат во Украина, мислеше дека ќе се повлечеме, но погреши. Украинскиот народ е премногу храбар. Америка, Европа, коалиција на нации од Атлантикот до Пацификот – бевме премногу обединети, демократијата беше премногу силна. Наместо лесната победа на која се надеваше и ја предвидуваше, Путин замина со изгорени тенкови, а руските сили заостануваа во низа. Мислеше дека ќе направи „финдализација“ на НАТО, наместо тоа доби „НАТОизјација“ на Финска и Шведска. Мислеше дека НАТО ќе се скриши и подели, наместо тоа НАТО е пообединет од кога било, рече Бајден

Минатиот март, говорејќи од Варшава, Бајден упати силна и многу лична осуда на рускиот претседател Владимир Путин само неколку недели по почетокот на војната.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе