По истражувањата на КОД за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино и за продажбата на струја од ноќни вишоци по ефтина цена, Антикорупциска комисија отвори постапки и истраги за трговијата со енергенси во државаната ЕСМ.
Наместо да одговорат на доставените прашања, ЕСМ и РКМ во напад врз КОД, со закани за тужби, кривични пријави и омаловажувачки навреди во доставените реакции наречени деманти.
По емитувањето на емисијата КОД (22.01.2023.) во која ги анализиравме деталите во двата огласи за набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино антикорупциската комисија отвори предмет за испитување на тендерите . И во двата јавни повици има разлики во условите за конкурирање и во условите за набавка па можеше да се протолкуваат и како цртање на посакуваниот набавувач или како подобрување на ефикасноста на набавката.
Антокорупционерите велат дека под лупа ги ставиле сите набавки на енергенси , купувањето на струја и нејзината продажба, и тоа не само за набавка на мазут туку и за и за набавките на јаглен и гас од страна на ЕСМ. На темата зборуваше членот на ДКСК Горан Трпеноски.
За разлика од антикорупцсиката комисија, која по објавените истражувања на КОД и Телма за набавките во енергетиката, отвори постапки и ги проверува сериозните сомнежи во стотици милиони евра тешките енрегенси набавки во ЕСМ- приказната има и друга страна.
Во петокот (27.01.2023.), од државната ЕСМ и од фирмата РКМ, продавач на мазут во две огромни набавки за ТЕЦ Неготино, стигнаа реакции и деманти во врска со емисијата емитувана 5 дена претходно.
Кога ја подготвувавме минатата емисија, до ЕСМ упативме повеќе прашања поврзани со тие набавки на мазут. ЕСМ ниту тогаш ниту сега не одговори на прашањата, туку тргна во напад против оние кои работат во интерес на правото да се знае како се трошат парите на граѓаните.
Но во засебни реакции, кои стигнаа во ист ден, ЕСМ и РКМ на Капушевски, се нафрлија на КОД дека шири невистини без конкретно да посочат кои наводи во емисијата според нив се невистини.
ЕСМ дури се дрзна да ги критикува соговорниците на КОД кои се универзитетски професори, дека имале ироничен настап на темата за продажба на струја од вишоците за пониска цена од берзанската.
Од друга страна, на наводите на државната ЕСМ се надоврза приватната РКМ на Ратко Капушевски кој се закани со тужби и со кривични пријави.
Својот допис до КОД насловен како демант, Капушевски го исполни и со низа навреди и омаловажувања, од типот дека РКМ обезбедувала мазут за струја со која новинарите се бањале за да излезат на ТВ екрани. Капушевски дури обвини дека младите бегаат од државата не поради сомнителни зделки и корупција, туку поради емисии и истражувања какви емитува и КОД.
Во продолжение емисијата „ДКСК истражува како ЕСМ купува мазут и продава струја/ ЕСМ и РКМ во напад на КОД“ која беше емитувана на 29.01.2023.