Вести Македонија Најважни

Финансова заврши, на потег е обвинителството – дали фирмите „шемаџии“ ќе одговараат за шемите

Финаниската полиција заврши, сега на ред е обвинителството да испита дали фирмите „шемаџии” ќе одговараат за тоа што, со месеци користеa поевтина струја на регулираниот пазар, која е наменета исклучиво за домаќинства и за мали потрошувачи. Финансиската полиција во изминатиот период  направи проверка на голем дел од овие компании и документите ги испратија до обвинителството. Од скопското велат дека ги добиле и во следниот период ќе се анализа и ќе се носи одлука дали ќе има основ за кривична постапка или никој нема да биде гонет. Некои од овие компании остварувале и огромни профити.

Државата, пак, сега подготвува нов закон со кои фирмите кои остварувале екстра профити ќе се даночат со екстра данок. Дали со овој данок ќе бидат опфатени и фирмите од групата шемаџии, кои  со месеци правеа пари, користејќи евтина струја од домаќинставта, премиерот вели ќе зависи од критериумите според кој ќе биде изработен законот.

Кои фирми ќе бидат опфатени ќе  зависи од критериумите врз онова на кои ќе се рбаоти зкаонот и  оние кои ќе влезат во аналзите за повисок износ на добивка оставрена во однос на проценотот од неклку изминати години  ќе бидат опфатени без разлика од индустирјата од која доаѓаат, вели Ковачевски.

Фирмите „шемаџии” со добро разработен план од отворен се префрлија на регулиран пазар и со месеци користеа поевтина електрична енергија наменета за домаќинствата и за малите потрошувачи. Станува збор за ланци на маркети, за бела техника, аптеки, индустриски капацитети, бањи, лаборатории, осигурителни компании, мобилни оператори. Од 1 јануари сите тие се вратени на отворен пазар каде што им е местото и користата поскапа струја, но сè уште е неизвесно дали ќе сносат одговорност за шемата која ја направија, а за која уште во март лани регулаторна ги извести сите надлежни иинситуции, но листата на овие компании долго време се криеше од очите на јавноста.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Израел продолжува со нападите во Газа – убиени и повредени повеќе десетици Палестинци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе